O, Vrba, srečna, draga vas domača, kjer hiša mojega stoji očeta ...

Попис 2011

Posted: Februar 22nd, 2011 | Author: IT | Filed under: Вести | Komentarji so izklopljeni

Почитувани!

Државната пописна комисија, во Дневните гласила, и на својата Интернет страница www.stat.gov.mk/popis2011/DPK.aspx  на ден 16.02.2011 година, (среда), објави “Јавен конкурс“ за ангажирање на “Реонски попишувачи“, за вршење на Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија  во 2011 година, и “Пријава“, со која ќе се конкурира за учество во пописот.

Со овој “Јавен конкурс“, во Државниот завод за статистика,  предвидено е да има  и Три  (3)  попишувачи од Словенечка националност.

Заинтересираните кандидати, треба да поднесат, или по пошта да испратат, пополнета “Пријава“ за учество во пописот, во својство на Попишувач во државниот завод за статистика, во рок од осум (8) дена, сметано од денот на објавувањето.

Образецот на Пријавата, која кандидатот треба да ја пополни, може да биде копија од објавената пријава во јавните гласила или може да се подигне во:

  • Државниот завод за статистика во Скопје, или
  • Интернет страна Државниот завод за статистика  www.stat.gov.mk/popis2011/DPK.aspx

Со пријавата  кандидатите треба да ги поднесат и следните документи:

  • Доказ за државјанство, што се докажува со:
    • Копија од лична карта, или
    • Копија од важечка патна исправа
  • Доказ дека нема засновано редовен работен однос, што се докажува со:
    • Оригинална потврда дека кандидатот нама засновано редовен работен однос издадена од Агенцијата за вработување на Република Македонија
  • Доказ за образование, што се докажува со:
    • Копија од свидетелство, заверена на нотар, или
    • Копија од диплома, заверена на нотар, или
    • Копија од уверение, заверена на нотар.

Изборот на пријавените кандидати ќе се врши по пат на тестирање (проверка на општите познавања од областа  статистика кои се однесуваат на пописот, дадени на интернет страната на државниот завод за стстистика).

Изборот од пријавените кандидати кои ќе бидат ангажирани во пописот 2011 ќе го изврши Државната пописна комисија.

Информација за изборот од пријавените кандидати, ќе биде благовремено објавена на интернет страната на Државниот завод за статистика.

На сите заинтересирани кандидати им пожелувам среќа во изборот за попишувачи.


Comments are closed.