О, Врбо, среќно мое село мило, кај куќата на татко ми се крие ...

Гостување на мешани хорови од Словенија

Posted: мај 25th, 2010 | Author: IT | Filed under: Вести | Исклучени коментари

На 7. и 8. мај оваа година во Македонија гостуваа мешаните хорови на Пеачкото друштво од Логатец и на ”Иван Цанкар” од Врхника, Словенија, со кои раководи диригенот Ловро Кухар. Околу  организација на двата концерти помогна и нашето Здружение.

Гостите при доаѓање во Скопје ги пречекаа претседателката на Здружението Анастазија Рибарски, претседателката на хорот Марија Докузова и членот на УО Велибор Алојз. На гостите им го покажаа новиот клубски простор а потоа ги прошетааа низ градот.
На 7 мај гостите имаа целовечерен концерт во католичката црква Св. Кирил, Метод и Бенедикт во Охрид. На концертот беа присутни и нашите членови бидејќи Здружението имаше организирано автобуски превоз и со тоа придонесе за поголема посетеност на концертот.
На 8 мај  ú се претставија на скопската публика во католичката црква Пресвето срце Исусово во Скопје. Во пократок дел од програмата настапи и нашиот хор, а на крајот заедно запеаа две словенечки и една македонска песна.
Како во Охрид така и во Скопје со разнолика програма под диригентската палица на успешниот диригент Ловро Гром ја воодушевија многубројната публика, а ние Словенците се чуствувавме како да нú донесоа мал дел од татковината. Воодушевените слушатели ги наградија со долг аплауз.

На крајот организаторот господин Јанез Овсец во името на гостите му се заблагодари на нашето Здружение и на претседателката ú поклони своја уметничка слика Церкнишко езеро, која ќе го краси нашиот клуб. Сите посакавме да има што повеќе такви вечери.
По концертот пеачите од сите три хора продолжија со дружење  со скромна вечера и ткаење на нови врски.

Оваа статија е достапна и на: словенечки


Comments are closed.