Posted: мај 15th, 2011 | Author: IT | Filed under: Вести | Исклучени коментари
На 2 мај 2011 год. се одржа редовна месечна средба на членовите на Ѕдружението. Претседателката најпрво ги поздрави присутните, а потоа ги извести за активностите кои се одвиваа во последниот месец.
Read the rest of this entry »
Posted: мај 15th, 2011 | Author: IT | Filed under: Вести | Исклучени коментари
На 21 април 2011 година во Скопје претстојуваше машкиот хор “Јанко Керсник” од Луковица при Љубљани под дирегентската палка на Игор Велепич. Со хорот дојдоа и нивните пријатели од Нова Горица, Штеверјан, Трст и од други места. Го посетија нашето Здружение и покрај долгиот пат што го поминаа, со својот настап н& приредија убава вечер. На програмата беа и солистички точки, како и свирење на хармоника. На крајот запеаа заедно со нашиот хор сплет на словенечки народни песни. Другарувањето го продолживме со добрата капка словенечки вина, кои ги донесоа со себе нашите гости.
Posted: мај 15th, 2011 | Author: IT | Filed under: Вести | Исклучени коментари
На 21април 2011 година на покана од Културниот дом “Трајко Прокопиев” од Куманово и на директор на домот г-дин Роберт Павлевски нашиот хор имаше велигденски концерт во Културниот дом “Трајко Прокопиев”. На многубројната публика & се претстави со словенечката музичка пиеса “Васовалци – Мераклии” од авторите Љуба Пренер и Јанко Грегорц а под диригентската палка на Томислав Шопов и во режија на Трајко Јордановски. Во вториот дел од програмата имаше повеќе оперни арии. Воодушевената публика им се заблагодари на хорот и на солистите со долг аплауз. На концертот беше присутен и словенечкиот конзул Марјан Ристич.
По концертот дружењето со љубезните домаќини продолжи во пицеријата “New Life” на богат коктел. Директорот Роберт Павлевски се погрижи за целокупшната организација, за превозот, салата, публиката и коктелот. Кај коктелот треба да се спомне и пекара “Цанзо”, која е во сопственост на наша земјакиња. До сите искрена благодарност. Според аплаузот се надеваме дека хорот со солистите и музичката придружба им се оддолжи на гледачите и слушателите.
Посебно треба да се пофали и нашата млада членка Ирена Ѓурковска од Куманово која многу активно учествуваше во организацијата, известувањето и посредувањето меѓу Словенечкото здружение “Франце Прешерен” и организаторот. Треба да се пофали и Јернеј Кумп за поставување на кулиси, кои како сценаристи ги направија со Елена Алчева. Во работата му помогнаа членовите на хорот и Кирил Доневски.
Posted: мај 15th, 2011 | Author: IT | Filed under: Вести | Исклучени коментари
Превземи го Statut-FP-2011
Posted: мај 15th, 2011 | Author: IT | Filed under: Вести | Исклучени коментари
На 31. март 2011 година во просториите на Здружението се одржа редовно годишно собрание на Словенечкото здружение “Франве Прешерн” – Скопје.
1.На Собранието со мнозинство гласови беа усвоени Финансискиот извештај за 2010 година со завршната пресметка, како и Извештај за работата за 2010 година, кои ги поднесе и опширо образложи претседателката на Здружението Анастазија Рибарски
Read the rest of this entry »