ВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ ВО КУМАНОВО
Posted: мај 15th, 2011 | Author: IT | Filed under: Вести | Исклучени коментариНа 21април 2011 година на покана од Културниот дом “Трајко Прокопиев” од Куманово и на директор на домот г-дин Роберт Павлевски нашиот хор имаше велигденски концерт во Културниот дом “Трајко Прокопиев”. На многубројната публика & се претстави со словенечката музичка пиеса “Васовалци – Мераклии” од авторите Љуба Пренер и Јанко Грегорц а под диригентската палка на Томислав Шопов и во режија на Трајко Јордановски. Во вториот дел од програмата имаше повеќе оперни арии. Воодушевената публика им се заблагодари на хорот и на солистите со долг аплауз. На концертот беше присутен и словенечкиот конзул Марјан Ристич.
По концертот дружењето со љубезните домаќини продолжи во пицеријата “New Life” на богат коктел. Директорот Роберт Павлевски се погрижи за целокупшната организација, за превозот, салата, публиката и коктелот. Кај коктелот треба да се спомне и пекара “Цанзо”, која е во сопственост на наша земјакиња. До сите искрена благодарност. Според аплаузот се надеваме дека хорот со солистите и музичката придружба им се оддолжи на гледачите и слушателите.
Посебно треба да се пофали и нашата млада членка Ирена Ѓурковска од Куманово која многу активно учествуваше во организацијата, известувањето и посредувањето меѓу Словенечкото здружение “Франце Прешерен” и организаторот. Треба да се пофали и Јернеј Кумп за поставување на кулиси, кои како сценаристи ги направија со Елена Алчева. Во работата му помогнаа членовите на хорот и Кирил Доневски.
Оваа статија е достапна и на: словенечки