О, Врбо, среќно мое село мило, кај куќата на татко ми се крие ...

РЕДОВНА МЕСЕЧНА СРЕДБА НА ЧЛЕНОВИТЕ ВО МАЈ 2011 г.

Posted: мај 15th, 2011 | Author: IT | Filed under: Вести | Исклучени коментари

На 2 мај 2011 год. се одржа редовна месечна средба на членовите на Ѕдружението. Претседателката најпрво ги поздрави присутните, а потоа ги извести за активностите кои се одвиваа во последниот месец.

  1. На 21. април 2011 година нашиот хор имаше велигденски концерт во културниот дом “Трајко Прокопиев” во Куманово, кој беше во организација на домот и на директорот Роберт Павлевски,  за кој изрази посебна благодарност за целокупната организација. Претседателката ú се заблагодари и на нашата членка Ирена Ѓурковска од Куманово, бидејќи без нејзината помош концертот не би се одржал.
  2. На 29 април 2011 година гостин на нашето Здружение беше машкиот хор Јанко Керсник од Луковица при Љубљани.  На плоштадот позади клубот одржа концерт, а неколку словенечки народни песни запеа заедно со нашиот хор.  Сите членови беа за гостувањето на хорот известени, но за жал не се собравме во поголем број.
  3. И оваа година на покана на Пионерскиот дом од Љубљана група наши ученички по дополнителната настава по словенечки јазик во почетокот на април успешно настапи на Детскиот фестивал на театарски соништа со претставата Вештерка Вилма. Нашите ученички беа гости на учениците, нивните семејства и на учителите од ОУ “Мартин Крпан” од Љубљана. Ученичките ги придружувааа учителката Плиска Гугуловска и претседателката на Здружението Анастазија Рибарски. За време на престојот во Љубљана го посетија и ОУ “Божидар Јакац” кое на нашето Здружение му подари поголем број книги.   Претседателката изрази   благодарност до  г-ѓа Наталија Јовановиќ, ќерката на нашата прва претседателка г-ѓа Амалија Јовановиќ, која ги обезбеди книгите. Поголем број книги ни обезбеди и г-дин Мирче Ивановски, членот на управата на Македонското друштво во Љубљана. При превозот на учесниците на Фестивалот, како и на книгите  помогна ДРД Домжале ДОО Скопје.  Претсседателката на сите  им  изрази  искрена благодарност. Со оглед на тоа дека од некои книги веќе имаме по два или повеќе примероци и полиците за книги се преполни, претседателката ги извести присутните дека УО донесе заклучок неколку од таквите книги да се поклонат на словенечкото друштво “Триглав” од Битола. Тоа би бил дел од книгите кои ги обезбеди г-дин Ивановски и од книгите кои нашето Здружение ги има од порано. Присутните со заклучокот на УО се согласија и го подржа. Но и покрај тоа треба да се направи уште една полица за книги.
  4. Бидејќи претседателката од разговорот со г-дин Ивановски дозна дека македонските друштва во Словенија немаат многу книги  на македонски јазик, му предложи на УО, да се организира акција за собирање на книги на македонски јазик за учениците по дополнителна настава по македнонски јазик и за македонските друштва во Словенија. УО предлогот го прифати, а го подржаа и присутните членови, кои ветија дека активно ќе се вклучат во акцијата. Книгите може да се предадат во Здружението.
  5. Во април во КИЦ во Скопје   се одржа отворање на фотографска и видео изложба на младата словенечка уметничка  Ева Петрич, на која имаше и промоција на нејзиниот роман “Сите јадеа суши” на македонски јазик (превод Зоран Поповски), за што членовите беа известени преку веб-страницата. Изложбата ја отвори амбасадорот Алаин Бриан Бергант. Во таа прилика ги извести членовите на нашето Здружение дека на 15 мај 2011 год. ќе се оджи еколошка акција – чистење на градскиот парк и ги покани да земаат учество во акцијата.  Претседателката ги покани  членовите да се што помасовно вклучат во акцијата, а со повеќе информации ќе бидат благовремено известени.
  6. На 15 мај 2011 година ќе се одржу уште еден  значаен настан. и тоа осветување на обновената католишка црква во селото Бистренци, во некогашното Словенечко село до Вардар, каде што по 1930 година се доселиле околу 60 словенечки семејства од Приморска и Словенечка Истра поради големиот притисок на италијанскиот фашизам. Претседателката ги извести членовите дека  членовите на словенечкото друштво “Триглав” од Битола ќе присуствуваат на настанот  во организација на католичката црква во Битола. Нашето Здружење за жал не може да организира  масовна посета поради недостаток на средствата, но би организирало превоз  барем за неколку членови, претставници на Здружението.
  7. За  престојниот пикниг членовите беа известени по редовна пошта и по е- пошта. Некои се пожалија дека поканите не ги добиле. Пикникот ќе биде на 21. мај на Езерото Треска, како што беше договорено, но сите заинтересирани треба благовремено да се пријават кај г-дин Цирил Павли. Рокот за пријавување е продолжен до 15 мај 2011 година.

Оваа статија е достапна и на: словенечки


Comments are closed.